ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се решава последниот осминафинален патник на Мундијалот за младинци

По завршувањето на младинското Европско првенство во женска конкуренција, каде титулата ја освои Унгарија, и по завршувањето на ЕХФ шампионатите, каде славеа Швајцарија и Србија, вниманието на ракометната јавност е насочено кон Мундијалот за младинци во Шпанија.

Таму нема многу дилеми пред последното коло од групната фаза и познати се 15 патници во осминафиналето, а денеска останува да биде решена и последната дилема, а тоа дали Јужна Кореа или Нигерија ќе одат во елиминациите.

Сепак веројатно е дека азиската селекција ќе биде патник во осминафиналето, со оглед на тоа што игра против Австралија.

Претходно своето место во следната фаза го обезбедија Норвешка, Данска, Шведска, Франција, Египет, Германија, Исланд, Португалија, Хрватска, Србија, Тунис, Унгарија, Бразил, Словенија и Шпанија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

10:00
Норвешка – Аргентина
Јужна Кореа – Австралија

12:00
Данска – Чиле
Шведска – Нигерија

14:00
Франција – Египет
Германија – Исланд

16:30
Бахреин – Косово
Јапонија – САД

18:30
Португалија – Хрватска
Србија – Тунис

20:30
Унгарија – Бразил

21:00
Словенија – Шпанија