Денеска на СП: Домаќините Данска и Германија фаворити за нов висок триумф

За денеска на Светското првенство е предвидено одигрување на шест средби. На терен се ракометарите кои се дел од групите А и Ц каде се домаќините на шампионатот.

Во односн минатите два дена овој пат на сите средби има фаворити и нема да има дерби дуели коишто би донеле некаков вид на неизвесност пред почетокот на средбите.

Затоа, пак, се очекува од Русија, Германија и Франција во Групата А да обезбедат бодови, како и од Австрија, Норвешка и Данска во Групата Ц. Натпреварите од 2. коло од групите Б и Д ќе бидат одиграни во текот на утрешниот ден.

ДЕНЕСКА НА СП

ГРУПА А

15:30ч

РУСИЈА – КОРЕЈА

18:15ч

ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ

20:30

ФРАНЦИЈА – СРБИЈА

ГРУПА Ц

15:00ч

АВСТРИЈА – ЧИЛЕ

17:30ч

НОРВЕШКА – САУДИСКА АРАБИЈА

20:15

ДАНСКА – ТУНИС