Денеска на ЕП: Со средбите во Сплит и Пореч стартува шампионатот во Хрватска

Натпреварите коишто денеска ќе се одиграат во Сплит и во Пореч од 18:15 часот ќе бидат за отворање на Европското првенство. Први на терен излагаат селекциите на Шведска и Исланд во Сплит и Белорусија и Австрија во Пореч.

Ова се дуели од првото коло од групите А и Б, а од 20:30 часот на програмата се и вторите мечеви од истите групи.

Во Загреб и Вараждин денеска нема да има натпревари, а таму средбите од 1. коло се предвидени за утре кога ќе ја гледаме и Македонија против Словенија во меч од групата Ц со почеток од 19:30 часот.

ДЕНЕСКА НА ЕП

ГРУПА А

18:15ч – ШВЕДСКА – ИСЛАНД

20:30ч – ХРВАТСКА – СРБИЈА

ГРУПА Б

18:15ч – БЕЛОРУСИЈА – АВСТРИЈА

20:30ч – ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА