Денеска два дерби дуели на СП во Германија

На Светското првенство во Германија денеска има натпревари во групите А и Б, додека селекциите коишто се натпреваруваат во Ц и Д групите имаат ден за одмор.

Според ситуацијата денеска ќе падне одлука во директен дуел за место во осминафиналето меѓу селекциите на Полска и на Унгарија. Тие излагаат први на терен, а победникот ќе се радува на место во елиминациите.

На другите дуели нема да има таков натпреварувачки предизвик, но затоа дербито доаѓа на крајот каде што Шпанија и Франција ќе имаат битка за 2. место во групата А со оглед на тоа што Романија засега има максимум и чекори одлично кон најдобрата позиција пред осминафиналните битки.

ДЕНЕСКА НА СП

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО

ГРУПА А

ПАРАГВАЈ – СЛОВЕНИЈА             14ч

РОМАНИЈА – АНГОЛА  18ч

ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА               20:30ч

ТАБЕЛА: 1. Романија 6 бода (79:62); 2. Франција 4 (84:56); 3. Шпанија 4 (77:58); 4. Словенија 4 (84:79); 5. Ангола 0 (68:86), 6. Парагвај 0 (45:96).

ГРУПА Б

ПОЛСКА – УНГАРИЈА    14ч

ШВЕДСКА – АРГЕНТИНА              18ч

ЧЕШКА – НОРВЕШКА    20:30ч

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 6 (101:63), 2. Чешка 4 (89:83); 3. Шведска 4 (91:87); 4. Унгарија 2 (77:70); 5. Полска 2 (78:94); 6. Аргентина 0 (58:97).