Дембеле се враќа дома

По шест години минати во странство, капитенот на француската репрезентација, Сираба Дембеле, ќе се врати во татковината. Поранешната вардарка, која го носи дресот на рускиот Ростов Дон, вели дека сака да се посвети на приватниот живот.

„Решив да се вратам во Франција. Следната година ќе мислам повеќе на себе. Во странство немаш живот, мислиш само на ракомет, ракомет, ракомет.“ – изјави Дембеле.

Таа ќе се врати во тимот на Тулон, каде веќе има играно три сезони пред да ја почне интернационалната кариера. Во меѓувреме, освен за Вардар и Ростов, играше за данскиот Рандерс, а има настапувано и за француските Мерињак и Иси Молино. За националниот тим на Франција, има одиграно 175 натпревари и остигнато 568 голови досега.