Дембеле и Черноиваненко се израдуваа на европска титула: Ростов е новиот шампион во ЕХФ купот

За разлика од машкиот турнир во женскиот ЕХФ Куп се уште се играат два финални натпревари кои го одредуваат новиот шампион. Откако испадна од Лигата на шампионите составот на амбициозниот руски тим Ростов Дон во финалето на ЕХФ Купот успеа со две победи да дојде до нов европски трофеј.

Рускиот претставник во последните два дуела од второто по квалитет европско натпреварување беше поуспешен од германскиот тим Битигхајм со 28-25 и 25-21. Првиот натпревар се одигра во Лудвисбург, но амбициозниот германски состав за кого настапуваат и три холандски репрезентативки по киксот на домашен терен во возвратниот дуел сакаше да покаже дека имал само лош ден, па затоа по почетните минути резултатот беше 2-0. Но домаќините бргу го израмнија резултатот и ја превзедоа контролата над играта, а до посериозна предност единствена пречка беше холандската голманка Тес Вестер која одлично ја чуваше мрежата на гостинскиот тим. Изедначената игра ги одведе двете екипи на пауза изедначени на по 12 погодоци.

Новиот шампион во ЕХФ Купот го одлучија последните триесет минути од овој двомеч. Германките повторно поведоа со два гола, а разликата се одржуваше до средината на вториот дел кога русинките изедначија на 17-17. Тука натпреварот доби поинаков тек, а домаќините во полната сала покрај Дон славеа победа и европски трофеј со конечни 25-21.

За составот на Ростов Дон оваа сезона настапуваат две поранешни вардарки Сираба Дембеле и Олга Черноиваненко, а во ѕвездениот ростер покрај руските репрезентативки тука се Барбоса, Лунде, Родригез и Лоте Грител.

ФОТО: Ростов Дон