Делчевци го решија во своја корист двобојот со Куманово

Составот на Делчево Вардар го искористи домашниот терен и ја надигра екипата на Куманово со што успешно влегува во завршницата на сезоната.

300x250

Делчево имаше предност во добар дел од мечот, а во еден период од првото полувреме имаше и плус четири гола. Во тој период составот на Делчево Вардар се избори за резултат кој гарантираше три бода, но оние 13:9 се стопија до заминувањето на одмор, па на пауза беше 15:14.

Во вторите 30 минути работите не добија ништо ново. Делчево Вардар постојано имаше водство, а до крајот се чуваше без поголеми проблеми. Кумановци го дадоа последниот гол, но само за намалување кога веќе беше доцна за нешто повеќе.

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – КУМАНОВО            26:25 (15:14)

Сала: СОУ „ММ Брицо“ во Делчево. Гледачи: 100. Судии: Иван Јовановски и Стефан Станков од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР: Златковски, Анастасовски, Георгиев 10, Стоименовски, Петровски 5, Милчевски 5, Стоиловски 2, Аџиски, Манов 1, Милев 1, Ѓоргиевски 2.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 4 мин.

КУМАНОВО: Стојковски, Михајловски 1, Петрушевски 4, Стојковски 6, Денковски 2, Клековски 4, Димковски 4, Цветковски 2, Цветков, Нацевски 2, Николовски, Стоимановски, Мицевски, Даневски.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 4 мин.