Делегатот им се закани на Романците: Ако нема клима нема да има ниту ракомет

Пред средбата во Клуж владее интересна атмосфера, а за неа придонесуваат и официјалните лица. Делегат на натпреварот e Микаел Теландер кој смета дека условите за натпреварот мора да одговараат според нормите доколку се сака денеска да се игра ракомет.

Тој им ставил до знаење на домаќините дека со кревање на раменици нема да успеат да го разубедат дека не знаат дали ќе им работи климата и ќе можат да одговорат на потребите и им се закани на Романците дека ќе ја мери температурата во салата „Хорија Демијан“.

Доколку денеска условите за игра бидат надвор од нормите односно бидат над 28 степени тогаш тој нема да дозволи да се игра и мечот ќе биде прекинат. Во ваква ситуација е јасно како завршуваат средбите, па тоа сигурно нема да им се домадне на Романците и веројатно денеска салата нема да биде пекол како вчера кога беше одработен тренингот.

Затоа ова се добри вести и денеска сигурно ќе биде подобро и ќе може да се игра во нормални услови што значи дека Македонија ќе може да го даде максимумот на теренот.