Дежа вy за вардарки: Старт против Ференцварош

Исто како и минатата сезона, во првото коло на групната фаза од Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар ќе го пречекаат унгарскиот ФТЦ Будимпешта. Сезоната почнува првиот викенд во октомври, а планирано е да се заврши на 19 ноември повторно со домашен натпревар против победникот од квалификациската група. Во квалификациската група се екипите на Турингер, Хорс, Хипо и Атлетико Гуардес.

Вардар на ждрепката влезе како носител од првиот барабан и во главната фаза (во вториот круг) ќе вкрстува со тимовите од група Д (Будуќност, Мец, Битигхајм и победник од квалификациска група 1). Првите три екипи од секоја група ќе продолжат во главна фаза каде се играат уште шест нови натпревари.

Термини за играње натпревари во групната фаза:
1 коло: 6-8 октомври 2017
Вардар – ФТЦ Будимпешта

2 коло: 13-15 октомври 2017
Квалификант – Вардар

3 коло: 20-22 октомври 2017
Ларвик – Вардар

4 коло: 3-5 ноември 2017
Вардар – Ларвик

5 коло: 10-12 ноември 2017
ФТЦ Будимпешта – Вардар

6 коло: 17-19 ноември 2017
Вардар – квалификант