Деби за Азоти и веднаш признание: Дупјачанец прогласен за играч на мечот против Горњик

Искусниот македонски голман Даниел Дупјачанец во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик. Тој потпиша за амбициозниот полски тим Азоти Пулави и веќе го имаше дебито за тимот што е зад Киелце и Висла Плоцк во полскиот шампионат.

Азоти Пулави загуби минимално од Горњик Забже со 25:24 на првиот натпревар од турнирот што се одржува во Калиш. Дупјачанец играше само едно полувреме и забележа 11 одбрани, но и тоа беше доволно да биде прогласен за играч на натпреварот.