Дебитантот од Романија со победа ја отвори сезоната во СЕХА

Со одигрувањето на натпреварот меѓу Стеауа и Татран Прешов стартуваше новата сезона во регионалното натпреварување. Ракометарите на Стеауа славеа победа од 26:25 и на тој начин тргнаа со бодови во првата сезона во СЕХА-лигата.

300x250

Татран беше рамноправен противник во текот на сите 60 минути, но во финишот нијанси одлучуваа кој ќе слави победа. Татран беше во предност после првите 30 минути. Имаше игра која најавуваше победа. Сè водеше кон тоа дека бодовите ќе заминат за Словачка, а особено тоа се гледаше после 11:16 пред истекот на првото полувреме.

На одмор беше 12:16, а само што тргна второто полувреме, Стеауа почна да се враќа во игра. Постојано имаше гол до два негатива, а потоа во 42. минута дојде до израмнување на 19:19. Сепак, и во продолжение Татран постојано беше во водство и така беше до 56. минута кога дојде до нерешени 23:23.

Водството за Стеауа дојде во 58. минута со 25:24, а потоа и со 26:24, па гостите од Словачка успеаја само да намалат, па мораа без бодови да си заминат од Букурешт.

Најефикасен во редовите на Стеауа беше Алин Росу со седум гола, додека по четири имаа Хумет и Грбовиќ. Кај Татран по шест гола имаа Јакуб Хрстка и Мартин Страновски. Голманите Станеску и Чуприна имаа по седум гола.