ДЕБАКЛ: Ѕвездениот ЦСМ Букурешт пак загуби во ЛШ!

Ракометарките на ЦСМ Букурешт загубија по вторпат сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите. Очигледно ниту промената на тренерот не беше доволна за ѕвездите во романскиот првак да заиграат подобро, па во четвртото коло загубија дома од Кристијансанд.

Норвежанките победија со 26-31, а клучен период за триумфот беше првиот дел. По 6-6 во 10. минута, Кристијансанд се одлепи на 6-11. Неагу и Лекиќ во немоќ почнаа да грешат, а гостинките мирно го привршија првото полувреме со водство од 11-16.

Вториот дел се играше практично гол за гол, Оне и Арцен го полнеа голот на Грубишиќ и Унгуреану, а ЦСМ се што направи беше тоа што во неколку наврати намали на минус три, но ништо повеќе од тоа, па Кристијансанд лесно го затвори мечот со победа од 26-31.

Неагу и Радичевиќ имаа по осум гола кај домаќинот, но Романката имаше многу слаба реализација, додека Лекиќ даде четири погодоци, но исто така со реализација од 44%. Кај гостинките се истакна Арнцен со осум гола.

Доколку ЦСМ Букурешт продолжи вака, му се заканува опасност и да не ја мине групната фаза, бидејќи Кристијансанд и Битигхајм сега се на бод помалку од романскиот тим.