Две контроли, па малку одмор за јуниорите пред ЕХФ-шампионатот

Ракометарите кои се дел од репрезентацијата на Македонија до 20 години денеска и утре ќе ги одмерат силите со селекцијата на Црна Гора во Маврово што ќе биде генералка за она што беше сработено во последните десет дена. Прво се работеше во Скопје, а потоа од саботата во Маврово и сега останува да се види колку ракометарите се подготвени за предизвикот кој им претстои од следниот петок.

300x250

Данило Брестовац и Никола Матлиески можат да го изведат на терен најдобриот состав и да го проверат она што планираат, па останува од момците да биде видено најдоброто за време на натпреварите. Црна Гора е противник по мерка и ќе може да биде показател за формата.

Првиот дуел се игра во 19 часот денеска, а потоа утре од 17 часот ќе се одигра уште еден дуел. После него ракометарите ќе добијат викенд одмор од напорите кои ги имаа на Маврово, а од понеделник се влегува во завршниот дел од подготовките за ЕХФ-шампионатот.

Од понеделник се продолжува со тренинзи во салата во СЦ „Борис Трајковски“ и ќе има четири дена за подготовка за првиот меч на шампионатот. На овој дуел Македонија се соочува со Велика Британија. Во групната фаза потоа ќе следуваат и пресметки со Италија (23 јули, 18:00ч), Швајцарија (24 јули, 20:00ч) и Украина (26 јули, 18:00ч).

Првите две селекции од групата ќе се пласираат во полуфиналето. Во другата група се наоѓаат репрезентаците на Белорусија, Фарски острови, Финска, Грција, Естонија и Литванија.