Два меча во два дена за Карбеска и Илиева

Денеска и утре во Кастамону се игра двомеч од 1. рунда во Купот на ЕХФ во женска конкуренција, а таму истоимениот тим го пречекува Брул од Швајцарија. Ова е интересен дуел и за Македонија бидејќи во екипата на Кастамону настапува Ленче Илкова.

300x250

Покрај тоа што има македонска интернационалка на теренот овој двобој ќе биде и со македонска арбитража. Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе ги судат и двете средби после кои ќе се знае која екипа продолжува во 2. коло каде ги очекува составот на Рамницу Влчеа од Романија.

Инаку, и двете средби почнуваат од 16 часот, па ова ќе биде одлична можност за Карбеска и Илиева да ги покажат на дело своите квалитети.