Двајца „фармацевти“ – македонски ривали на ЕП: Остроушко и Шевелев ќе играат за Украина

Левиот бек Владислав Остроушко и кружниот напаѓач Олександар Шевелев, се најдоа на списокот на селекторот Сергеј Бебешко за украинската репрезентација за претстојната ЕХФ недела.

Ракометарите на Еурофарм Работник заедно со уште петмина интернационалци и уште 13 ракометари од двата најсилни клуба – Мотор и ЗТР Запорожје, ќе бидат ривали на македонската селекција на Европското првенство во Австрија.

Иако има уште многу време доготогаш, Бебешко најави дека ова е костурот на тимот и дека на пријателските дуели против Тунис за време на ЕХФ неделата ќе почне со подготовките за ЕП.

Селекторот Данило Брестовац ги следи натпреварите на Мотор против Вардар во Лигата на шампионите и во СЕХА лига, како и на Еурофарм Работник во двете конкуренции, а неодамна во Скопје гостуваше и ЗТР Запорожје, па имаше можност за „скенер“ на дел од украинските репрезентативци.