Двајца ракометари на Вардар заслужено во најдобрата седморка на четвртфиналното коло (ВИДЕО)

Македонскиот првак Вардар заедно со Барселона, ПСЖ и Веспрем ќе се натпреварува за трофејот во Лигата на шампионите. По реванш средбите од четвртфиналната фаза познати се сите учесници на Фајнл Фор турнирот во Келн. Вардар доминираше во Скопје против Фленсбург, токму затоа ЕХФ се одлучи „црвено-црните“ да имаат два ракометари во најдобрата седморка на колото. Како најдобар централен бек е избран Лука Циндриќ кој беше клучен играч во двата четвртфинални натпревари, а со него оваа недела во изборот се најде и десното крило, русинот Даниел Шишкарев.

Покрај вардаровите играчи, место во најдобарата седморка имаше за:

Лево крило Валеро Ривера Барселона

Лев бек Арон Палмарсон Веспрем

Централен бек Лука Циндриќ Вардар

Десен бек Јуре Доленец Монпелје

Десно крило Даниел Шишкарев Вардар

Пивот Лука Карабатиќ ПСЖ

Голман Гонзало Перез де Варгас Барселона

Зошто токму овие ракометари се најдоа во изборот на ЕХФ можете да погледнете на видеото на следниот линк.