Двајца поранешни металурзи се селат во романскиот Одорхеи

Левиот бек Милош Драгаш, кој и е познат на македонската јавност по настапите во двата големи ривали Металург и Вардар, како и десниот бек Ѓорѓе Голубовиќ, кој една полусезона го носеше дресот на тимот од Автокоманда, се нови ракометари на романскиот Одорхеи.

Драгаш, паузираше една полусезона, откако во текот на зимата си замина од Македонија, додека Голубовиќ минатата сезона ја помина во швајцарскиот Сур.

Одорхеи во следната сезона ќе биде предводен од црногорскиот селектор Драган Ѓукиќ, а во тимот остана и легендата на клубот, Горан Кузманоски, додека Гоце Ојлески се врати во Македонија, а следната дестинација на Милорад Кукоски се уште не е позната.