Да се помине на редот: Три меча за 44 часа

Иако во Германија во тек е Светското првенство за ракометарки, во Македонија се играат натпревари од Женската лига, поради тоа што нашата репрезентација не игра на Мундијалот. Од составот на Вардар отсуствуваат шест ракометарки, Лејно, Лакрабер, Цвијиќ, Лекиќ, Радичевиќ и Кликовац, но тоа не е пречка вардарки да ги одработат натпревари од домашниот шампионат.

300x250

Вчера го одиграа заостанатиот дуел со Куманово, веќе денеска го играат вториот заостанат натпревар против Деспина во 19:30 часот, а утре е закажан и сестринскиот меч со Вардар Јуниор со почеток во 15 часот. Тоа значи дека избраничките на Ирина Дибирова играат три меча за 44 часа, но и покрај скратената ротација, вардарки со голема разлика ги добиваат сите дуели од лигата.