ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Пред 15 години Кометал ЃП стана европски првак! (ВИДЕО)

15 мај 2002 година со златни букви е запишан во историјата на македонскиот спорт и македонскиот ракомет. Иако тимот на Кометал Ѓорче Петров не постои на ракометната мапа во Македонија и понатаму е единствената екипа може да се пофали дека ја освоила престижната Лига на шампионите. Составот предводен на клупата од Александар Панов, а на теренот од легендарната Индира Кастратовиќ, на 19 мај  2002 година го победи Херц со 26:22 во реванш финалниот натпревар и за првпат во историјата, капитенот Гордана Нацева го крена пехарот.

Претходно тимот на Кометал играше во финалето против Хипо во 2000 година, но не успеа да ја освои титулата. Шансата против унгарскиот Херц, кометалки не смееја да ја пропуштат, бидејќи цела држава беше со нив. По минималниот пораз во Будимпешта, македонскиот тим славеше во реваншот со 26:22 и ја надмина негативата. Романката Луминица Дину царуваше на голот, а Индира Кастратовиќ на теренот. Подоцна Кометал ЃП повторно стигна до меч за трофеј, но загуби од данскиот Шлагелсе, пред да се распадне во 2009 година.

15 Ракометарки кои играа на легендарниот натпревар против Херц се: Дину, Калиниченко, Кастратовиќ, Платон, Велкова, Бујанова, Чупиќ, Будимир, Ферзалиева, Андрушенко, Нацева, Малахова, Плошчинска, Златановска.

15 Години подоцна ракометарките на Вардар имаа шанса да го повторат успехот на Кометал ЃП, но не успеаја на завршниот турнир против унгарскиот Ѓер.

One Response

  1. Бура емоции за европските првенки: Кометал петнаесет години подоцна… (ФОТОГАЛЕРИЈА) | 24 РАКОМЕТ

    […] […]