Да не беше скокачка би била врвна ракометарка: Ивана Шпановиќ како ракометен бек (ВИДЕО)

Андреа Лекиќ на својот инстаграм профил ни откри дека актуелната светска првенка во скок во далечина Ивана Шпановиќ би била и одлична ракометарка.

Ракометот како спорт бара силни физички предиспозиции, а добриот скок е еден од поважните елементи. За тоа како Шпановиќ скока во далечина знае цел свет, а со својот ракометн скок шут докажа дека и на ракометниот терен би се снаоѓала подеднакво добро како и на атлетскиот песок.

“Сите вие кои сакате да станете светски шампиони во атлетика, мора прво да научите скок шут во далечина! Ќе поработиме на финесите и должината на залетот”- се пошегува Лекиќ на едно од своите видеа.