Даскаловски подобар од Кузмановски

Тимот на Поли Темишвар каде настапува македонскиот голман Златко Даскаловски славеше неочекувано убедлива победа над Одорхеи на Горан Кузмановски со 32:25, во натпревар од 10 коло во романскиот шампионат.

300x250

Даскаловски имаше 10 одбрани, меѓу кои и 1 пенал во домашната победа, додека Кузмановски не погоди во единствениот обид кон голот на Темишвар. Одорхеи се наоѓа на 5 позиција, а следниот меч го игра дома со Јаши, додека Темишвар ќе гостува на Фагараш.