Даскаловски, Митревски и Маркоски ќе играат на Ф4 во романскиот Куп

Тимовите на Поли Темишвар каде игра македонскиот репрезентативен голман Златко Даскаловски и Констанца, каде настапуваат уште двајца наши членови на националниот тим, Никола Митревски и Велко Маркоски, ќе играат на Ф4 во Купот на Романија.

300x250

Темишвар беше подобар на домашен терен од Стинта Бакау со 27:22, додека Констанца немаше проблеми против Фагараш и победи со 30:23. Шанса за пласман на Ф4 ќе има и ЧСМ Букурешт на Гоце Георгиевски, кој ќе игра утре против Стеауа во градското дерби.