Дарко Димитриевски е новото име во националниот тим пред дуелот со Грција

Средниот бек на шпанскиот тим Синфин Сантандер, Дарко Димитриевски, е новото име во националниот тим на Македонија пред последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Тој долго време е на поширокиот список на сите селектори, но никогаш не ја добиваше вистинската шанса. Сепак Данило Брестовац го повика на тренинзи и ќе биде во конкуренција со уште 18 ракометари пред средбата со јужниот сосед.

Од планираните 22 ракометари, за дуелот со јужниот сосед отпаднаа левото крило Дејан Манасков и пивотменот Столе Стоилов, како и дефанзивецот Милорад Кукоски.

Натпреварот меѓу Македонија и нашиот јужен сосед се игра во салата “Парк” в недела со почеток во 18:00 часот.