Данска го надигра Бразил и си обезбеди осминафинале на СП

Денеска беа одиграни средби од 4. коло во групите Ц и Д, а на оние селекции кои претходно го имаа обезбедено местото во осминафиналето им се приклучи и Данска која успеа да дојде до победа против Бразил во клучиот натпревар.

Според ова во групата Д е јасно дека Германија, Србија, Јужна Кореја и Холандија одат понатаму, а тие в петок ќе одлучуваат за позициите од кои ќе влезат во елиминациите.

Во групата Ц јасно е дека Русија и Данска се сигурни пред меѓусебната пресметка, додека Црна Гора, Бразил и Јапонија ќе бидат во неизвесност. Јапонија е во најдобра позиција бидејќи ќе игра против Тунис, додека Бразил и Црна Гора меѓусебе ќе водат битка за пласманот меѓу најдобрите 16 на шампионатот.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЖЕНИ

РЕЗУЛАТИ ОД 4. КОЛО

ГРУПА Ц

РУСИЈА – ЈАПОНИЈА     29:28 (13:11)

ТУНИС – ЦРНА ГОРА     23:29 (13:15)

БРАЗИЛ – ДАНСКА         20:22 (13:13)

ТАБЕЛА: 1. Русија 8 (117:84); 2. Данска 6 (115:104); 3. Црна Гора 4 (112:104), 4. Бразил 3 (87:96); 5. Јапонија 3 (103:117), 6. Тунис 0 (80:125).

ГРУПА Д

КАМЕРУН – ЈУЖНА КОРЕЈА        21:33 (6:16)

СРБИЈА – ХОЛАНДИЈА 27:27 (15:15)

ГЕРМАНИЈА – КИНА      24:9 (10:3)

ТАБЕЛА: 1. Германија 7 (97:64); 2. Србија 6 (126:93); 3. Ј. Кореја 6 (106:85); 4. Холандија 5 (118:88), 5. Камерун 0 (79:124), 6. Кина 0 (66:128).