Данило Брестовац: Се местевме на Португалија, но не успеавме

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац после завршувањето на осминафиналниот дуел против Португалија и поразот од 25:29 призна дека намерно тргнале на пресметка против оваа селекција во елиминациите, но дека не успеале да го остварат планот како што зацртале.

„Се местевме на Португалија. Мислев дека ќе можеме да играме со нив. Видов дека тешко ќе биде против Германија и Исланд, а многу беше тешко да бидеме први во групата и да играме со четвртиот од другата група. Сè правевме да играме со Португалија. Ja добивме, но не успеавме да ja совладаме. Имавме шанса и еден разлика, но не успеавме“, коментираше селекторот Брестовац после средбата која ја однесе Македонија во битка за подобар пласман од 9. до 16. позиција.