Данило Брестовац: Нашиот фокус не беше на Стеауа туку на Спортинг

Тренерот на Металург, Данило Брестовац после средбата им ја честитше победата на Романците, но рече дека целиот фокус бил ставен на она што претстои утре кога се игра дуелот против екипата на Спортинг во Лигата на шампионите.

„Ние не се подготвувавме за Стеауа бидејќи утре не очекува меч за Вардар. Не знаевме со каков состав ќе дојдат. Можеби им недостигаше ротација, но ова не е втора екипа на Стеауа. Беше тешко навистина. Се обидов да наметнам начин на игра во кој судиите не го прифатија. Четирипати не вратија од брз центар, а двапати ги вратија и Стеауа“, изјави Брестовац,

Акцентот во подготовките бил ставен на средбата против Стеауа која е предвидена за утревечер во 19 часот.

„Утре играме уште еден натпревар. Вчера се подготвувавме за Спортинг. Навистина е многу тешко и навистина е чудно. Погледнавме видео пред средбата. Ова е заслужена победа на Стеауа. Можам да честитам. Нас ни недостигаше борбеност, ни недостигаше и напад „еден на еден“. Она што го одигравме во последните пет минути беше интересно. Имавме шанса да реализаираме, но не успеавме. Млада екипа сме и треба да извлечеме поука од овој натпревар, но ни треба време“, коментираше Брестовац.

Денешниот пораз ќе влијае сигурно и на момците за утрешната средба во која се очекува поправање на впечатокот.