Данило Брестовац: Го пуштивме Ќерими дома на празник, побара повеќе пари и не се врати

Ракометарот кој требаше да биде засилување за екипата на Металург, Арбер Ќерими не беше дел од средбата против Вардар, а тој воопшто нема ниту да биде засилување за металурзите за новата сезона.

„Белгиецот беше дојден на проба. Го пуштивме дома за празникот. Откако замина дома тој постави нови услови. Побара зголемување на условите, а лично јас реков не. Бевме договорени за една цена, но тој остана во Белгија. Кажав дека ако не дојде до понеделник воопшто не ми е потребен. Не се појави и тој нема да биде наш ракометар“, коментираше Данило Брестовац после дуелот против Вардар.

Ова значи дека ќе треба да се побара друг ракометар кој ќе биде засилување за бековската линија каде што има недостаток на играчи.