Даниловски се врати во Металург: Ова е чекор напред во мојата кариера

Голманот на Пелистер, Никола Даниловски, по две години се враќа во тимот на Металург, чиј дрес го носеше пред да се пресели во Битола. Младинскиот репрезентативец имаше одлична сезона со Пелистер, но се реши за промена на средината.

„По две години се враќам во матичниот клуб. Се надевам дека ќе имам можност да ги покажам моите квалитети. Ова претставува чекор напред во мојата кариера, бидејќи ќе имам шанса да покажам што знам и умеам во посилни натпреварувања.“ – изјави Даниловски за 24Ракомет.

На голот на Металург друштво ќе му прават српскиот интернационалец Дарко Арсиќ, како и партнерот од младинската селекција, Мартин Томовски.