Даниловски: Досега бевме добри само на хартија, сега се докажавме и на терен

Еден од двајцата голмански на шестата ракометна сила во светот во младинска конкуренција, Никола Даниловски имаше свои минути на некои од натпреварите на Мундијалот во Алжир. Тој вели за првпат го докажале потенцијалот на теренот.

„Среќни сме што после две неуспешни првенства, конечно одигравме еден добар шампионат, игравме колективно, се боревме како тим и тоа ни го донесе овој историски успех за Македонија. Досега бевме добри само на хартија, сега за првпат и на терен се покажавме. Задоволн сме што ние сме првата генерација што станува шеста сила во светот, се надевам ќе имаме уште успеси во иднина.“ – изјави Даниловски.