Дамњановиќ: Во финалето не смееме да правиме толку технички грешки

На првиот полуфинален натпревар од регионалната ВРХЛ лига Вардар ја победи Подравка со 29-16 и „црвено-црните” се пласираа во финалето. Во текот на целиот меч домашните ракометарки имаа водство, а пред самиот крај и разлика од 13 гола.

Ацо Станковски – помошник тренер на Вардар
„Честитки за девојките за пласманот во финалето. Во преден план ни е ЛШ, настојувавме да се воигруваме за натпреварот со ЧСМ Букурешт. Имавме доста технички грешки, мислам дека во наредниот период ќе мора да работиме на елиминирање на грешките при полуконтрата, за да одиме на Ф4 подготвени како што треба.

Сања Дамњановиќ – играч на Вардар
„Честитки за Подравка на фер и коректната игра. Задоволна сум што победивме и што играме во финалето. Имавме технички грешки и промашени шутеви. Тоа мора да го поправиме. Што се однесува до финалето, Будуќност е квалитетна екипа на хартија, но Крим изненади во Љубљана. Се е можно, но Будуќност ако дојдат да играат против нас во финалето, тоа сигурно ќе биде добра подготовка за Ф4.

Горан Мрѓен – тренер на Подравка
„Вардар беше доминантен. Ние имавме доста проблеми, еден бек ни остана во соба со температура, па и уште еден играч со температура на клупата. Вардар е сигурно подобра екипа, и немаше проблеми. Но, и ние не изгледавме онака како што треба, бевме пасивни во нападот. Овие 29 гола не се многу колку што оние 16 изгледаат малку.

Ана Дебелиќ – играч на Подравка
„Па 13 разлика е висока разлика и многу голови. Сакавме да дадеме сѐ од себе. Имавме долг пат и многу натпревари во хрватската лига. Но, и Вардар е поквалитетен. Резулатот зборува сѐ за себе. Им посакуваме се најдобро.