Дамчевска од 22 ракометарки ќе бира за младинските квалификации за СП

Јулијана Дамчевска, која е селектор на женската младинска репрезентација на Македонија ги објави имињата на ракометарките на кои ќе смета во квалификации за СП кое летово се одржува во Унгарија. Таа на подготовки повика 22 ракометарки од кои ќе треба да ги одбере оние 16 на кои ќе смета за квалификациските средби кои се играат во Исланд.

На списокот на повикани ракометарки се најдоа: Јована Мицевска, Амра Илјаз, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Јана Калајџиевска, Леонида Гичевска, Марија Гугуљанова, Мила Трајковиќ, Ана Марија Божиновска, Тамара Ивановска, Јована Кипријановска, Мери Арсениевска, Пена Граматова, Марија Тасевска, Ивона Трпевска, Биљана Дамчевска, Арљинда Динарица, Марија Гајиќ, Аида Брунчевиќ, Аида Смајлоска, Мила Алексоска, Јована Владева.

Квалификациите се играат во периодот од 23 до 25 март на Исланд, а првите две места водат на шампионатот во Унгарија. Во групата со Македонија и домаќинот на квалификациите Исланд се и селекциите на Германија и на Литванија.