Дамчевска одбра 18 ракометарки, со нив ќе тргне по успех во Литванија

Покрај репрезентациите во ракомет на песок, од понеделник стартува мисијата на уште една селекција, а се работи за женскиот јуниорски состав. Селекторката Јулијана Дамчевска веќе ги соопшти имињата на 18 ракометарки на кои ќе смета во подготовките, а меѓу нив има две кои настапуваат надвор од Македонија.

Голманката Јована Мицевска која игра во Франција и Арлинда Динарица која настапува во Германија се на списокот додека другите девојки се од домашното првенство и главно веќе го носеле дресот на репрезентацијата на Македонија во квалификациите.

Подготовките стартуваат в понеделник од 15:30 часот во салата во Автокоманда, а ЕХФ-шампионатот во Литванија се одржува од 15 до 21 јули.

Во составот на Дамчевска за собирот в понеделник се најдоа: