Дамчевска: Дисциплината и одговорноста не однесе до победа

По обезбедената победа на тешкиот терен во Куманово, во екипата на Металург не го криеја задоволството. Со новите три бода ракометарките од Автокоманда обезбедија одлична предност во пресрет на плеј-оф разигрувањето во кое ќе влезат со плус пет бода.

Веднаш по завршувањето на натпреварот тренерот на Металург, Јулијана Дамчевска имаше само пофални зборови за своите ракометарки.

‚‚Натпреварот беше од големо значење затоа што беше борба за првото место на табелата. Со овие освоени бодови ние го осигуравме првото место. Девојките одработија сè како што беше договорено. Одиграа дисциплинирано. Сè што анализиравме сè испочитуваа на теренот и изиграа максимално одговорно. Денеска бевме подобра екипа и заслужено победивме“, изјави Јулијана Дамчевска за 24Ракомет.

Во плеј-офот Металург ќе влезе во победничи ритам и со одлична атмосфера во тимот, а во последното коло ќе имаат лесна задача на домашен терен против екипата на Овче Поле.