Дамите од Металург го продолжија победничкиот ритам

Металург уште еднаш покажа зошто во моментов се наоѓа на 2. позиција на табелата во Женската лига. На гостувањето во Гевгелија беше забележана победа од 35:16, па овој триумф донесе нови три бода со кои беше зацврстено 2. место.

300x250

Овој меч беше одигран во еден здив. Металург поведе набрзина со 3:0 и потоа ова водство постојано се зголемуваше. Во ниту еден момент домашните не успеаја да се заканат и да најават можност за да се дојде до нешто повеќе.

Место тоа ракометарките на Металург имаа константна доминација и висока предност. Успеаја да го контролираат мечот, па на крајот заслужено се изборија за нова победа со која само беше потврдено дека освојувањето на 2. место на крајот од сезоната станува сè поверојатно.

ГЕВГЕЛИЈА – МЕТАЛУРГ              16:35 (7:18)

Сала: 26 Април во Гевгелија. Гледачи: 50. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ГЕВГЕЛИЈА: Петковска, Горговска, Узунова, Мандалова, Попова 3, Митревска 7, Асановиќ, Маркова, Џалева, Атанасова, Лазаревска, Шутева 1, Митрова 5, Јанчева, Љупова.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 4 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Гугуљанова 2, Владева, Божиновска 1, Тасевска 3, Смајловска 2, Алексоска 4, Дамчевска 2, Калајџиевска 6, Граматова 6, Ѓорѓиевска 2, Стефановска 2, Гајиќ 5, Паскал.

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 6 мин.