Давор Палевски се враќа на терените – потпиша за Работнички!

Поранешниот младински репрезентативец Давор Палевски, кој по завршувањето на минатата сезона беше без ангажман, се враќа на ракометните терени и тоа во лидерот на табелата во Групата 1 од Првата лига.

Тој потпиша двомесечен договорза Работнички и ќе му прави друштво на Стефан Николовски на левата крилна позиција во амбициозниот прволигаш, а ќе биде опцијата и за позицијата среден бек.

Палевски пропушти голем дел од минатата сезона, па иако имаше комбинации да премине во некој тим од Суперлигата, сепак досега беше без ангажман.

Брзоногото лево крило четири сезони беше дел од првиот состав на Металург и настапуваше во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.