Давид Дејвис и „фараоните“ испуштија изненадување против Шведска

Европскиот вицешампион Шведска успеа да се спаси во финишот од натпреварот против Египет иако „фараоните“ во најголемиот дел од средбата покажаа добра игра и демонстрираа квалитет. Тие успеаја да се изборат за победа од 27:24, но на две минути до крај резулатот беше нерешен.

Швеѓаните важеа за фаворити и долго имаа убава предност. Првиот дел го решија во своја корист и имаа контрола на играта. Водеа со 13:11 на полувреме, а потоа зголемија и се чинеше дека ова ќе биде убедлив триумф.

Сепак, Давид Дејвис најде противигра и успеа да ги врати своите момци и да израмнат на 21:21. Тука почна возбудливиот финиш, но во него селекцијата на Шведска се избори за нова предност која ја обезбеди во последните две минути од средбата за победа од 27:24.

Со ова Швеѓаните тргнаа одлично на првенството и ќе беше сигурно премногу после ремито меѓу Аргентина и Унгарија.

На овој натпревар најефикасни кај Швеѓаните беа Готфридсон и Нилсон кои реализираа по пет удари. Голманите Паличка и Апелгрен заедно имаа десет одбрани. Кај Египет, Хендави одбрани 12 удари, а по пет гола имаа Елхамар и Шебиб.

Овој натпревар се одигра под македонска арбитажа. Го судеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.