Гулден уште две години во ЧСМ Букурешт, доаѓа и Неагу

Шведската репрезентативка Изабела Гулден и во следните две години ќе го носи дресот на европскиот шампион ЧСМ Букурешт. Раководството на романскиот тим веќе ги договорило новите услови со средниот бек и останува само уште да се стави потписот.

Покрај неа, европскиот првак ги договорил и деталите за враќањето во Романија, на најдобрата романската ракометарка Кристина Неагу, која исто така би требало да потпише двегодишен договор и најверојатно ќе биде промовирана до крајот на месецот.

ЧСМ Букурешт сезонава ја стартуваше слабо и многу среќно успеа да се пробие до главната рунда на Лигата на шампионите. Но во оваа фаза играа одлично и се на чекор од пласман во четвртфиналето, со што стануваат можен противник на македонскиот првак Вардар.