Грците исвиркани, ги чека пекол во струмички “Парк”

Ракометните репрезентации на Македонија и на нашиот јужен сосед, во овие моменти го започнуваат последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

При претставувањето, спротивно на сите очекувања на македонската јавност, нашите јужни соседи беа пречекани со свирежи и сигурно нема да им биде лесно на теренот во Струмица.

Доколку победи, Македонија ќе го освои првото место во групата, а со тоа ќе добие и место во вториот шешир пред ждрепката.