Грците го објавија составот, но тие нема да бидат проблем за Македонија

После Турција и вториот ривал на Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, Грција се изјасни за составот во кој ќе ги одигра средбите во ЕХФ-неделата во октомври.

На дуелите од стартот на квалификациите селекторот Јон Арванитис одличи да повика голем дел од ракометарите на шампионот Олимпијакос. Оттаму во составот на Грција се најдоа: Цилибарис, Арапакопулос, Карабурниотис, Лијапис, Цилис, Царас, Кандилас и Критикос.

Другите ракометари на кои селекторот на Грција смета за натпреварите против Исланд на гости и против Македонија во Кожани се: Пападионисиу, Запунис, Милонис, Домприс (Аек), Лоизос, Арабаџис (Паок), Гургумис (Драма), Малиос (Беледије, Турија) и Пасијас (Шверин, Германија).

Двајца од тројцата најдобри ракометари на Грција од последните средби се во составот. Го нема Пападопулос, но тука се Цирас и Малиос кои имаа добри средби во квалификациите за бараж за СП 2018. Сепак, на тие средби претрпеа шест порази, па и сега се во подредена улога против Македонија и Исланд, а сигурно и против Турција на средбите кои се предвидени да бидат одиграни на средината од април следната година.