Грузија и Дикаминџија неприкосновени на ИХФ-шампионатот

Земјите во ракометен развој финишираа со натпреварите од ИХФ-шампионатот во Тбилиси, а таму победата му припадна на домашниот состав. Селекцијата на Грузија славеше во финалето против Куба со убедливи 31:21.

Уште после поуфиналните дуели беше јасно дека Грузија оди во претквалификациите за Европското првенство во 2022 година, а со новта победа само беше обезбеден тронот така што остана највисоко пред својата публика.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНИОТ ДЕН

11.МЕСТО

МАЛТА – ИРСКА        18:39 (11:23)

9.МЕСТО

АЗЕРБЕЈЏАН – ИНДИЈА          28:46 (13:18)

7.МЕСТО

НИГЕРИЈА – КОЛУМБИЈА      33:31 (20:14)

5.МЕСТО

КИНА – САД    27:35 (16:16)

3.МЕСТО

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – БУГАРИЈА      31:47 (17:26)

ФИНАЛЕ

ГРУЗИЈА – КУБА          31:21 (14:10)