Грузиец изби пред Костески на Листата на стрелците

Ракометарот од Грузија кој вчера имаше неверојатен ден и постигна дури 20 гола на мечот против Белорусија сосема очекувано изби на првото место на Листата на стрелците и го симна Костески на 2. место.

Гиорги Човребадзе направи нешто неверојатно со што сега постави тешка задача за другите ракометари на кои е да се обидат да дојдат до шанса за подобар пласман.

Во топ десет има и други ракометари од Македонија кои покажаа добра партија, па еве како изгледа најдобрата десетка.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ – ТОП 10

27 – Гиорги Човребадзе (Грузија)

20 – Ненад Костески (Македонија)

19 – Самуел Зендер (Швајцарија)

19 – Тимо Алфред (Естонија)

16 – Елијас Елефсен Скипаготу (Фарски Острови)

14 – Димитри Митреа (Луксембург)

12 – Мартин Серафимов (Македонија)

12 – Адел Расторед (Луксембург)

11 – Николоз Каландазе (Грузија)

10 – Дејан Џигероски (Македонија)

10 – Кристијан Симоноски (Македонија)