Гркинка ќе ја менува Бајрамовска во Крим

23-Годишната грчка репрезентативка Ламприни Цакалу е нова ракометарка на словенечкиот првак Крим. Тимот на Урош Брегар летово остана без две одлични ракометарки од бековската линија Мирјета Бајрамовска, која дојде во Вардар и Нина Јеричек, која ја заврши кариерата, па мораше да бара нови засилувања.

Цакалу, која игра на лев и среден бек, досега настапуваше само за грчки тимови, две сезони во ГАС Артас, а подоцна седум години мина во грчкиот шампион Јонијас. Заминувањето во Крим ќе биде нејзино прво интернационално искуство.