Гримсбо го продолжи договорот со европскиот првак

Голманката на норвешката репрезентација и на европскиот шампион Ѓер, Кари Алсвик Гримсбо, веројатно ќе ја заврши играчката кариера во унгарскиот тим. Таа пред стартот на Мундијалот, го продолжи договорот до 2020 година, кога ќе има 36 години, а заедно со Гербиц, се најплатени ракометари во Ѓер.

300x250

„За мене, Ѓер секогаш беше голем тим за кој сонував да играм. Мислам дека нема многу играчи кои можат да одбијат понуда од Ѓер и да кажат не.“– изјави Гримсбо.

Таа пред да се пресели во Ѓер беше дел од Оркдал, Скаун и Бјасен во Норвешка, додека на интернационална сцена беше дел и од данскиот Есбјерг.