Грбиќ: Ќе победиме во Скопје

Репрезентацијата на Македонија денеска и в сабота ќе одигра два пријателски дуели и против силната Црна Гора. И сениорките и младинките ќе ги одмерат силите против една од најдобрите европски репрезентации.

Поранешната вардарка Итана Грбиќ. истакна дека ова е одлична шанса за нивниот селектор да ги провери младите црногорски ракометарки.

„Жал ми е за репрезентативките кои нема да бидат со нас, но исто така се радувам што младите ќе добијат шанса. Овие два натпревари добро ќе ни дојдат, но и на селекторот кој ќе може да ги види ракометарките кои не добија доволно минутажа“, изјави Грбиќ.

Екс вардарката додаде и дека во Скопје победата е императив.

„Кога ќе излеземе на терен секогаш одиме на победа. Така ќе биде и овој пат“, заврши ракометарката на Будуќност.

Првиот дуел е на програмата денеска од 17:00 часот. Два часа претходно силите ќе ги одмерат истите селекции, но во младинска конкуренција.