Го смени само клубот, навиките останаа исти: Штербик царува и на голот на Веспрем (ВИДЕО)

После четири одлични години во редовите на Вардар, голманот Арпад Штербик летово го напушти клубот и се пресели во Унгарија каде вторпат во кариерата го облече дресот на екипата на Веспрем.

300x250

Дека се работи за еден од најдобрите голмани во светот покажува со секој нов ден и со секој нов натпревар, а колку големо засилување доби составот на Веспрем се виде денеска на дуелот против Келце кога успеа да одбрани најдобро кога беше најпотребно.

Дел од неговите интервенции се најдоа во видеото кое е подготвено после натпреварот против тимот на Келце.  Имаше неколку зицери со кои буквално го излуде противникот и го откажа во моментите кога не смееше да се погреши.

Овие одбрани на Штербик ја донесоа победата на Веспрем, а тој оправдано беше прогласен за играч на натпреварот уште во првиот меч после враќањето во редовите на Веспрем.