Го седна Вулф на земја, овој му одбрани пенал (ВИДЕО)

Атрактивните потези кои ракометарите ги прават редовно на терените особено во Бундес лигата се присутни речиси во секое коло. Оттаму и не е никакво изненадување новото видео кое дојде од дуелот меѓу Лајпциг и Кил.

На голот Кил го имаше еден од најдобрите голмани во светот Андреас Вулф кој уште еднаш ги покажа своите квалитети. Какво засилување за следната сезона обезбеди Келце потврдува и следното видео. Лајпциг имаше пенал по истекот на 60 минути но Вулф не дозволи да биде совладан. Иако ракометарот на Лајпциг го седна на подот, сепак, тој од шпага се издигна во одбрана и ги зачува петте гола предност и конечните 27:22

Погледнете ја неверојатната одбрана: