Го прекина патот околу светот да му помогне на Рајн Некар

Ким Екдал Ду Риц пред две години ја изненади ракометната јавност, кога на 27 години, реши дека ќе престане со активното играње ракомет, и ќе се посвети на патување низ светот и на откривање нови култури.

Според германските медиуми, тој е многу блиску до камбек на теренот и до потпис до крајот на сезоната во неговиот последен клуб, Рајн Некар, каде пред заминувањето беше еден од главните играчи заедно со Шмит.

Поради повредата на Гедеон Гвардиола, Рајн Некар остана во незавидна позиција и поради завршувањето на преодниот рок, може да ангажира играчи што не биле под договор сезонава, па беше за очекување дека ќе побараат помош од некогашниот ракометар.