Го напушта Загреб: Стипе Мандалиниќ од 1 јануари во Берлин

Левиот бек на ППД Загреб и на репрезентацијата на Хрватска, Стипе Мандалиниќ, на почетокот на 2018 година стартува со интернационална кариера, а после Европското првенство ќе го облече дресот на Фуксе Берлин.

Мандалиниќ ќе игра за тимот од Берлин од 1 јануари, а договорот е до крајот на актуелната сезона. Тој доаѓа како замена за Петар Ненадиќ кој на почетокот на следната година се сели во Веспрем. Фуксе Берлин останува без лев бек, па Мандалиниќ ќе пополнува до доаѓањето на Симон Ернст кој е договорен за од следното лето.

„Задоволен сум од договорот со Фуксе Берлин. Се работи за тим кој работи професионално и кој е меѓу елитата во Европа. Има квалитетен тим и тренери така што ми е драго што во вториот дел од сезоната ќе бидам дел од оваа екипа“, изјави Мандалиниќ.