Го напушта европскиот првак: Мартин Амброш – нов тренер на Ростов?

Тренерот на актуелниот европски шампион Ѓер, Мартин Амброш, на крајот на оваа сезона најверојатно ќе си замине од Унгарија. Од друга страна од Ростов си заминува францускиот тренер Фредерик Бужан, па амбицизоните Руси му нудат многу повеќе пари на Амброш од тоа што го зема во Ѓер.

300x250

Договорот би требало да биде потпишан на две години, a Амброш истовремено ќе продолжи да ја извршува и функцијата селектор на Романија. Шпанецот веќе шеста сезона е во Ѓер, откако претходно ја водеше екипата на Ичако Естела.

Во меѓувреме, Ростов го очекуваат и играчки промени. Оттаму ќе си заминат Сираба Дембеле, која ќе игра за Тулон во татковината, како и Александрина Кабрал Барбоса која се сели исто така во Франција, во редовите на Нант. Досега од рускиот тим немаат објавено имиња на нови ракометарки што би требало да го засилат тимот.