Го има на список, ама не доаѓа: Дувњак ја пропушта и ЕХФ-неделата

Најдобриот ракометар на Хрватска во моментов, Домагој Дувњак ќе ги пропушти подготовките во рамки на ЕХФ-неделата и контролните средби против Словенија. Тој се наоѓа на списокот на Червар, но во исто време уште не е заздравен целосно од повредата и не е во можност да тренира.

300x250

Според тоа е јасно дека Червар нема да може да смета на него за овие подготовки, но и покрај тоа го вброи во списокот на ракометари на коишто смета за тренинзите.

„Уште заздравува од операцијата и не е во можност да тренира со нас. Тој нема да дојде во Загреб така што ќе ги пропушти овие подготовки. Се надеваме дека ќе биде подготвен за Европското првенство“, изјавува Червар за хрватските медиуми.

Двете средби против Словенија ќе бидат тест за можностите на ракометарите и секако шанса да се види на кои играчи ќе може да се смета за шампионатот на кој Хрватска е домаќин.